Како пандемијата ќе влијае на празничната сезона?

33

И покрај промените во однесувањето на потрошувачите и големото намалување на малопродажбата во текот на годината, Ковид-19 сепак нема целосно да го загрози празничниот шопинг.

Потрошувачите го намалуваат бројот на патувања и одмори, па голем дел од нив планираат празниците да ги поминат дома со најблиските и својата потрошувачка ја насочуваат кон предмети, како што се украси за дома, празнични декорации и облека.

Загриженоста поради пандемијата и понатаму е причина за поголемо онлајн купување. Повеќе од половина од испитаниците (51%) се загрижени поради купување во продавници во празничната сезона поради пандемијата. Вкупно 49% од испитаниците нема да се вратат на старите навики од периодот пред пандемијата, додека не се пронајде вакцината.

Од потрошувачите кои најчесто купуваат преку интернет, скоро две третини за тој вид на купување за да ги избегнат гужвите (65%), потоа што онлајн купувањето од дома им е попрактично (64%) и затоа што сакаат да ја искористат можноста за бесплатна достава (60%).

Потрошувачите планираат празничниот шопинг за пократок временски период, од прилика за шест недели што е за 1,5 недели помалку од претходните години, бидејќи планираат да ги избегнат гужвите.

Анализата покажува дека потрошувачите ќе купуваат податоци за домашните миленици, но и за себе.

Иако подароци ваучери (48%) и облека (43%) ќе бидат најчести подароци оваа сезона, повеќе од 30% од празничната потрошувачка се однесува на предмети што не се подароци.

Во текот на изминатите 35 години, Deloitte го следи периодот на купување пред празниците, испитувајќи го однесувањето на потрошувачите и што можат трговците да очекуваат. Во овогодишното истражување се опфатени 4.012 потрошувачи.

Фото: Freepik