Како пандемијата влијае на побарувачката за алкохол

48

Американска студија покажа загрижувачки тренд што се појави во текот на карантинот поради пандемијата. Податоците покажуваат дека расте консумирањето на алкохол во такви услови, пренесува Eurekalert.org.

Целта на истражувањето, во коешто учествуваа скоро 2.000 полнолетни лица во САД, е да се покаже врската меѓу зависноста од алкохол и стресот предизвикан од пандемијата.

Резултатите покажуваат голем пораст на консумирањето алкохол меѓу лица кои за два часа консумираат пет или повеќе алкохолни пијалаци кај мажите или четири или повеќе пијалаци кај жените. Меѓу таа популација е забележан пораст од прекумерно консумирање на алкохол за дури 19%.

Проблемот со прекумерно консумирање на алкохол е посебно изразено кај луѓе кои имаат проблем со депресија или некое друго заболување.

Фото: Freepik