Како парите да работат за вас, а не вие за нив

1528

Важно е да сфатите дека парите се алатка која може да ви помогне во постигнување на целите. За да постигнете финансиска независност, вашите пари треба да работат за вас, а не вие за нив. Овие три чекори може да ви помогнат да се ослободите од лошите финансиски навики. Ако ги почитувате ќе почнете на вистински начин да управувате со своите пари.

Буџетирање

Најважната работа во управувањето со вашите пари е буџетирање. Кога буџетирате, планирате пари, тогаш вие сте шеф на парите, а не обратно. Распределувајќи  го секој денар во специфични категории, имате контрола врз тоа каде одат парите. Ова исто така ќе ви помогне да ги постигнете финансиските цели.

Контролата на трошење ќе ви помогне да донесувате финансиски одлуки на почетокот и крајот на секој месец. Ако се усовршите во буџетирањето, ќе можете побрзо да ги исполните вашите финансиски цели и што е уште поважно, да избегнете позајмување.  Ако сакате да ја промените вашата “финансиска слика“, буџетирањето е дефинитивно првото нешто што треба да го направите. Многу луѓе ќе направат план, но не го следат или не се откажуваат после еден месец.

Подмирете ги долговите

Дали знаете колку пари давате за различни каматни стапки секој месец? Кредити, кредитни и дебитни картички, плаќања на рати и слично? Колку од вашиот месечен буџет оди на студентски заеми, разни исплати за автомобили? Една од најдобрите работи што можете да направите со вашите пари е да го подмирите долгот. Треба да бидете свесни дека долгот ги ограничува вашите опции. Замислете што можете да направите со дополнителните пари што ќе ги имате секој месец, доколку бевте целосно без долгови. Можеби ќе можете да започнете свој бизнис со соништа или да оставите работа што ја мразите.

Заштедете и инвестирајте

Откако ќе излезете од долг и ќе заработите дополнителни пари, треба да започнете да штедите. Без специјално откажување. Откако ќе заштедите  ќе треба да започнете да инвестирате пари. На овој начин можете најефикасно да ги создадете предусловите за градење лични богатства. Покрај тоа, заштедата на пари може да ви помогне да бидете подготвени да се справите со подеми и падови, непредвидени околности што сигурно ќе се случат во текот на животот.

Фото: Pexels