Како подобро да се “вмрежите“

23

netvorking

Фото: Pixabay

Вмрежувањето е клуч за успех во работата, а вклучува интеракција со други луѓе. Ако сакате да изградите моќна мрежа на контакти треба да бидете свесни и за очекувањата на другите и да ги прилагодите на вашето однесување.

Иван Миснер, основач и директор на BNI (професионална организација на бизнис вмрежување) советува кои особини треба да ги поседувате ако сакате да бидете добри во вмрежувањето, пишува Entrepreneur.

Бидете добар слушател

Важно е да бидете добар слушател. Успехот во вмрежувањето зависи од слушањето и учењето. Колку побрзо вие и вашиот партнер дознаете што треба да знаете еден за друг, толку побрзо ќе изградите добар однос. Кога разговарате, слушајте за потребите и интересите на другата личност за да може да ѝ помогнете.

Развијте позитивен став

Вашиот став или како ги прифаќате работите е првото нешто што луѓето го гледаат во вас. Ако постојано имате негативен став луѓето нема да ве прифатат и ќе одбиваат да соработуваат со вас.

 Соработувајте

Луѓето не се грижат за тоа колку знаете додека не дознаат колку се грижите. Луѓето сакаат да се поврзуваат со личности кои соработуваат. Подготвеноста за соработка е од суштинско значење за градењето на доверба и воспоставување на цврсти односи.

Бидете искрени

Понудете искрена помош бидејќи ако не сте заинтересирани вистински да помогнете, другата личност ќе го дознае тоа.

Покажете доверба

Не е важно колку некоја личност е успешна ако немате доверба во неа. Никој не сака да воспостави контакт со недоверлива личност.