Како полека, но сигурно си ја уништувате кариерата

30

grafik

Фото: Pixabay

Мислите дека добро си ја вршите вашата работа и гледате шанси за напредок. Можеби во моментот тоа изгледа така, но ако се пронајдете во некоја од овие седум точки, одите во погрешна насока и време е да смените нешто пред да биде доцна.

Не се прилагодувате кон културата на компанијата

Секоја компанија работи според свој сет на општествено однесување и корпоративна култура. Ако не се обидете да се прилагодите и да го прифатите тој начин на однесување, ќе дадете впечаток дека негодувате и осудувате. Вашите колеги ќе си помислат дека воопшто не ви е грижа да создадете позитивни односи со останатите.

Наоѓате изговори

Не преземањето одговорност за вашите грешки кога – тогаш ќе ве стаса. Тоа што чекате до последниот ден објаснува зошто сте секогаш назад со работата и што е уште полошо им кажува на претпоставените дека само барате изговори и не знаете да менаџирате со времето.

Давате само минимум

Дури и ако постојано ги завршувате работите навреме, ако притоа го давате само минимумот, ќе изгледате како да не ви е грижа за ништо. Од друга страна пак, ако постојано трагате по шанси и можности наместо да чекате самите да дојдат тоа ќе создаде многу подобра слика за вас кај претпоставените. Она што секогаш се бара е мотивираност и проактивност.

Не си стоите на зборот

Кога нема да го направите тоа што сте го ветиле без разлика дали е некоја мала секојдневна задача или станува збор за нешто големо и важно добивате репутација на човек од недоверба. Ако сакате да бидете унапредени и луѓето да можат да се потпрат на вас, мора да станете малку поодговорни и да го исполнувате ветеното.

Песимист сте

Никој не сака да има песимист во тимот, особено ако постојано ја шири својата негативна енергија и ги деморализира и останатите. Жалбите, поплаките и стравовите нема никаде да ве однесат, само ќе придонесат за побрзо добивање на отказ.

Ги игнорирате колегите

Одржување на пријателски односи со колегите е исто толку важно како и негување на добри односи со претпоставените. Трудете се да бидете во добро расположение и да им се допаднете на останатите. Само така може да добиете важни информации и помош што секако ќе ви затреба.

Дефанзивни сте

Вашиот шеф не очекува да бидете совршени, но дефанзивната реакција кога добивате негативен фидбек ќе ве направи да изгледате непрофесионално. Ако не сте подготвени да сослушате конструктивна критика, тогаш не сте подготвени ни да подобрите одредени сегменти во работењето.