Како полесно да ја направите транзицијата од вработен во претприемач

45

Да се премине од вработен во сопственик на свој бизнис е голем чекор што бара многу планирање, јасна цел за постигнување и самодоверба дека ќе можете сето тоа да го изведете и сами.

За процесот да биде помалку стресен треба да се водите од неколку работи.

Размислувајте како претприемач

Како вработен слушате наредби од претпоставените и ги извршувате, без приговори. Но, штом ќе станете претприемач вие сте тие што ќе наредувате и поставувате цели. Вие ќе креирате планови и ќе бидете двигател на нивното исполнување. Затоа, пред да стартувате сопствен бизнис започнете да размислувате како сопственик на компанија.

Проверка/тест на пазарот

За да бидете успешни треба да имате и добра идеја. Но, за да дознаете дали и колку е потребно и функционално тоа што сакате да го понудите, направете тестирање. Направете интервјуа, прашалници, истражувања. Исто така, разгледајте ги трендовите во индустријата и посоветувајте се со експерти. Откако ќе добиете релеватни информации тогаш “обликувајте“ ја вашата понуда.

Распоред за секој ден

Како претприемач секогаш ќе ви недостига време. Затоа ќе треба паметно да го распределите. Направете распоред за секој ден. Доколку е невозможно нека биде тоа неделна агенда и гледајте да се придржувате до неа. Притоа, не заборавајте да креирате и долгорочна бизнис стратегија којашто ќе ви помогне побрзо да направите профит.

Бидете подготвени да работите сè

Вработениот не мора да се грижи се секој детал, тој/таа е одговорен/на за одредена работа. Но, нештата се менуваат кога ќе станете претприемач. Како сопственик на старт – ап најверојатно нема да имате средства да најмите асистенти. Бидете подготвени да ги преземете работите во свои раце, да бидете извршен директор и раснесувач на пратки, односно да ги менувате своите активности во текот на денот, според потребите на бизнисот.

Фото: Pixabay