Како помалку да ги користите паметните телефони

73

Паметните телефони се составен дел на денешницата, а прекумерното користење знаеме дека може да биде штетно. Сепак,зависноста од мобилни телефони станува се поголема.

Како да ја победиме?

Не го користете во кревет

Кога ќе легнете исклучете го телефонот. Не паѓајте на искушението да разгледате што има на социјалните мрежи. Тоа може да потрае, а сонот да ви се расипе. Исто така и наутро телефонот нека не биде првата работа за којашто ќе се фатите.

Отстранете ги неважните апликации

Она што само ви одзема простор на телефонот не треба ни да биде таму. Тргнете ги оние апликации што речиси никогаш не ви требаат и што само ви го одвлекуваат вниманието.

Користете вистински аларм

Вратете се на заборавениот часовник со аларм и тоа нека стане дел од утринското будење.

Без телефон за време на оброци

Кога јадете, уживајте во храната и друштвото и едноставно заборавете дека имате телефон. Користење на телефонот додека јадете исто така не е хигиенска навика.

Фокусирајте се на личноста до вас

Кога сте со некого не бидете непристојни, посветете го вашето внимание на личноста до вас. Не посегнувајте кон телефонот, фокусирајте се на разговорот или заедничката активност.

План за користење

Треба да направите план кога го користите телефонот и да се држите до него. Одредете време кога ќе проверувате мејл или ќе разгледувате што има ново по социјалните мрежи. Доколку сте се придржувале потоа наградете се.

Зафатете со некоја работа/активност

Нека рацете ви бидат активни со нешто друго. Било какво хоби или физичка активност ќе придонесе за помалку користење на телефонот.

Фото: Pexels