Како помалку да се грижите за туѓото мислење

107

Дали сте од оние на кои премногу им е важно туѓото мислење? Ако се пронаоѓате, применете ги следниве неколку совети.

Грижете се повеќе што ВИЕ мислите

Зошто мислите на другите да бидат поважни од вашите. Наместо да претпоставувате и слушате (не)важни луѓе што имаат да ви кажат, послушајте се себе си. Кога вашиот внатрешен глас ќе стане силен, останатите едноставно ќе замолчат.

Не ги пренагласувајте работите

Честопати мислиме дека луѓето околу нас нè анализираат, судат, не ги оправдуваат нашите постапки и слично. Но, неретко тоа е само во нашата глава. Факт е дека повеќето од нив и не ги интересира што вие правите. Затоа, бидете сигурни дали токму лошиот поглед или ироничната насмевка се поврзани со некој ваш збор или постапка.

Секој е приказна за себе

Секој човек си има своја приказна. Некој гласно ја раскажува, некој одбира да биде тивок. Без разлика со какви луѓе сте опкружени, прифатете ги какви што се. Потрудете се да мислите дека во суштина сите се еднакви. Статусот не го дефинира човекот, туку добрите дела што ги прави.

Луѓето секогаш ќе имаат мислење

Не можете да им наредите на луѓето да не го изнeсуваат својот став, мислење или суд. Но, можете да одберете што ќе послушате, а што не. Ако сите големи лидери се воделе според туѓите очекувања немало да бидат тоа што се.

Држете до тоа што вам ви е битно

Дали сакате да чуете признанија од останатите или сакате да бидете задоволни од себе. Сликата што можеби другите ќе ја видат е само маска зад реалноста. Затоа, не се обидувајте да бидете нешто што не сте само за да задоволите нечие друго мислење. Правете го тоа што ви се допаѓа, што ве прави среќни лично вас, а потоа другите.

Фото: Pixabay