Како помош за африканските земји, Русија испорача 200.000 тони пченица

17

Рускиот министер за земјоделство Дмитри Патрушев изјави дека Москва бесплатно испратила 200. 000 тони жито во шест африкански земји, како што ветил претседателот Владимир Путин во јуни.

Русија даде по 50. 000 тони на Централноафриканската Република и Сомалија, а по 25. 000 тони на Мали, Буркина Фасо, Зимбабве и Еритреја, прецизираше Патрушев на средбата со Путин.

Рускиот лидер го вети житото на состанокот со африканските лидери во јуни, откако Русија се повлече од договорот што и дозволуваше на Украина да извезува жито од пристаништата во Црното Море.

Договорот, познат како Црноморска иницијатива за жито, доведе до пад на цените на глобалниот пазар, но Путин тврди дека земјите на кои им е најпотребно – не го добиваат житото.

Патрушев дополни дека Русија во сезоната 2023/2024 планира да извезе до 70 милиони тони жито. Минатата година се извезени 66 милиони тони во вредност од речиси 16,5 милијарди долари, додаде тој.