Како правилно да го користите клима уредот?

242

Фото: Pixabay

Клима уредите помагаат полесно да ги “преживееме“ високите температури, но сепак е важно да се знае како правилно да се користат за да ни наштетат на здравјето. Овие неколку совети ќе ви бидат од голема корист, доколку во домот или во канцеларијата, имате клима уред.

Температурата надвор наспроти температурата во разладената просторија

Разликата меѓу температурата надвор и таа што е во климатизираната просторија, во којашто се наоѓате, не смее да биде повеќе од 10. Тоа значи дека мора да внимавате и да не претерате со разладувањето. Ова особено важи доколку треба да излезете надвор. Пред да си одите, задолжително намалете ја или целосно исклучете ја, за да може да се аклиматизира вашиот организам. Вистински шок за телото е ако од климатизирана просторија веднаш излезете на вжештена улица. Истото важи и за автомобилите. Не претерувајте со климата во автомобилот, особено ако се движите на пократка релација.

Прво разладете ја просторијата, па исклучете ја климата

Доколку постои можност, на пример, поставете тајмер клима уредот да се вклучи еден до два часа пред да дојдете дома или на работа. Штом влезете во просторијата, исклучете ја и така ќе уживате во пониската температура, но нема да дува директно во вас.

Ова важи и за домовите во коишто има мали деца или болни. Тие се премногу чувствителни на свежиот воздух, па затоа внимателно и во тој случај. Затоа, наместете ги перките од климата да дуваат кон таванот или кон подот, а не директно во вас.

Редовното одржување го продолжува векот на климата

Како и другите апарати за домаќинство и клима уредите бараат редовно одржување за да им се продолжи периодот на работа. Еден од најважните делови се филтрите, што треба да се чистат по неколку пати во текот на годината за да не се дозволи ширење на штетни микроорганизми што може да му наштетат на човекот. Имајте предвид дека клима уредот ќе ве служи и ќе троши помалку, ако поставените прозорци и врати дихтуваат добро, односно не дозволуваат да влегува топол воздух од надвор.