Како правилно да ја чувате храната во фрижидерот

466

frizider

Фото: Pixabay

Неколку корисни совети за правилно чување на храната во вашиот фрижидер.

Свежото месо е најдобро да стои во некој сад, а доколку истиот е ваакумиран, тоа ќе го продолжи рокот на траење. Ако не планирате да го употребите во следните неколку дена, замрзенете го.

Одмрзнато месо може да стои до 48 часа пред подготовка, додека рибата и морските плодови се чуваат во фрижидер еден ден.

Овошјето во фрижидер се става неизмиено и неизлупено. Најголемиот дел од овошјето стои свежо околу три дена, а јаболките, крушите и цитрусното овошје и подолго. Од ладното бананите можат да потемнат, но тоа нема да влијае на нивната свежина.

Јаболките, крушите и сливите најдобро е да ги чувате во хартиена кеса, а лимонот може да стои во тегла со вода.

Од млечните производи може да се замрзне само пастеризирано млеко и истото да се одмрзнува во фрижидер. Кисело млеко, јогурт и павлака не се замрзнуваат.

Колку зеленчукот содржи повеќе вода, толку е полесен за расипување. Доматот го губи вкусот во фрижидер, краставицата најдобро е да се чува во хартиена кеса, морковот во најлонски кеси со дупки, а кромидот и компирот на ладно и темно место.

Маслиновото масло не се чува во фрижидер, а брашно, шеќер, тестенини, грав, ориз и слично се чуваат во добро затворен сад на суво место.

Медот трае долго и не бара посебна грижа, а храна во отворени конзерви доколку не се употреби веднаш, не треба да се чува.