Како правилно да се спротивставите на работното место

24

lica

Фото: Pixabay

Секаде ќе наидувате на сопки, намерни или ненамерни, единствено што треба да запомните е дека треба да постапите професионално и флексибилно.

Без избрзани реакции

Пред да донесете било какви одлуки и да започнете конфронтација, запрашајте се дали можеби реакцијата на другата страна беше со најдобри намери и сетете се на фактот дека не ја знаете целата приказна. Затоа наместо да претпоставувате и да дозволите гневот да се акумулира, кога ќе слушнете нешто што ќе ве вознемири, одете право кај изворот и побарајте објаснување.

Зборувајте во четири очи

Најдете време да седнете и смирено да разговарате со колегата/колешката во четири очи. Детално објаснете како со своето однесување придонел/а за да бидете вознемирени. Меѓу другото обидете се да понудите решение. Со тоа што ќе ставите фокус на промена во вашето однесување, ќе почнете да градите доверба, побрзо ќе ги решавате проблемите и полесно ќе одбегнувате дополнителни недоразбирања.

Не праќајте мејлови

Речиси никој не сака да навлегува во конфликтни ситуации и многумина посегнуваат на полесни начини како на пример, криење зад мејлови и пораки. Ова само ги влошува работите. Без разлика на сè, внимавајте со мејловите. Многу е лесно тие напишани зборови да се протолкуваат на милиони погрешни начини и којзнае каде сè може да биде препратена вашата порака.

Внимателно одбирајте ги битките

Нема потреба од секоја мала ситница да правите драма и непотребно да создавате тензична ситуација во канцеларијата. Размислете дали проблемот е толку важен да му придавате значење. Чувајте енергија за вистинските проблеми, како намерна саботажа на вашата работа и слично.