Како првата дама на САД ги излажа патниците во авион?

86

Новинари кои патуваа со првата дама на САД, Џил Бајден, доживеале првоаприлско изненадување на летот од Калифорнија за Вашингтон, кога маскираната сопруга на претседателот ги послужила со сладолед облечена како стјуардеса.

Таа во текот на служењето на оброк во авионот, со кратка црна перика, црна маска на лицето, во црна облека и беџ на коешто го пишувало името Џасмин, ги послужила патниците со сладолед.

Неколку минути подоцна Џасмин повторно се појавила без перика и тогаш новинарите сфатиле дека тоа е Џил Бајден , која им ја приредила првоаприлската шега.

И соработниците на првата дама пред новинарите рекле дека се подеднакво изненадени кога бил откриен вистинскиот идентитет на стјуардесата Џасмин.

Џил Бајден била позната по тоа што сакала да ужива и да се шегува.

Фото: Facebook