Како работат жените во урбаните и руралните подрачја во земјава

84

Во урбаните средини во Македонија вработени се вкупно 178.247 жени, додека во руралните средини таа бројка е 86.647 во 2019 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Како работодавачки во урбаните средини фигурираат 6.749 жени, додека во руралните средини тој број е помал и има 1.567 жени на таква позиција.

Податоците покажуваат дека има 8.816 жени кои се вработени за сопствена сметка во урбаните средини, а во руралните е регистриран поголем број на жени и тоа 12.065. Неплатените семејни работнички се побројни во руралните подрачја во земјава, па во 2019 година ги имало 23.544 на број, додека во урбаните само 2.578.

Македонската статистика покажува дека во земјава има вкупно 264.894 вработени жени. Од нив во улога на работодавци се 8.316 жени, наспроти 22.818 мажи. Во текот на минатата година имало 20.881 жена вработена за сопствена сметка, додека кај мажите тој број е 73.869. Од вкупниот број неплатени семејни работници, 26.122 се жени, а 16.162 се мажи.

Фото: Pexels