Како самите си го саботираме успехот

18

sabotaza

Фото: Pixabay

Еден од најсигурните начини да го саботираме сопствениот успех на работното место е неисполнувањето на задачите. Шефот и останатите колеги на работа никогаш нема да ве сфатат серизоно ако за сè барате изговор.

Во случај некоја работа да останала незавршена и се обидувате да се извлечете со изговори од типот “никој не ми кажа дека треба” или “ги немав потребните податоци” и слично, на добар пат сте да ја уништите можноста за напредување.

Наместо тоа, потрудте се секоја задача да ја извршувате на време и најдобро што можете. Доколку не сте во состојба тоа да го направите, сами побарајте помош од некој колега. Ако сакате да добиете кредибилитет кај останатите морате да ги завршувате работите во дадениот рок.

Можеби нема да ви кажат лично, но претпоставените ќе бидат задоволни и ќе ве ценат многу повеќе ако почитувате рокови и не барате изговори за сè и сешто.

Кога знаете дека имате важен деловен состанок секогаш одете подготвени. Секогаш имајте во предвид дека може да ви биде поставено прашање на кое ќе треба да дадете конкретен одговор и решение.

Ако сакате да напрадувате во кариерата, не смеете да размислувате за работното време. Ваша задача е да работите се додека не биде завршена предвидената задача(и) за тој ден. Можеби тоа ќе трае подолго и ќе треба да жртвувате дел од вашиот приватен живот, но трудот на крајот ќе се исплати.

Службените пораки и мејлови, колку и да мислите дека не се потребни, треба да бидат одговорени во најбрз можен рок.

Доколку постојано правите грешки, а притоа сметате дека се безначајни, имајте во предвид дека истите, со текот на времето, ќе се “насоберат” и нема да останат незабележани. Затоа бидете внимателни и најмалата грешка може скапо да ве чини.