Како се седи правилно пред компјутер

539

Доколку работата од вас бара да поминете повеќе часови пред компјутер, сигурно ви се случило да почувствувате силна болка во грбот, вратот или рамената. Тоа е последица од неправилно и долготрајно седење во несоодветна положба. Затоа, ви нудиме неколку совети како треба правилно да седите пред компјутер за да не ја чувствувате таа болка, што некогаш може да биде силна и да потрае подолго време.

Најпрво треба да одберете удобна столица, бидејќи таа ќе ви понуди поддршка на телото за време на долготрајната работа пред компјутер. Кај столицата важно е кога ќе седнете правилно на нејзе, да останат неколку сантиметри меѓу задниот дел од колената и работа на делот за седење на столицата.

Висината на столицата треба да биде соодветна за да може со цело стапало да го допрете подот. Стапалото би требало да се поставени под агол од 90 степени или 45 степени ако ги потпирате нозете на некоја подлога.

Наслонот на столицата треба да ја следи природната линија на грбот, особено во долниот дел, пополнувајќи ја празнината меѓу наслонот и и рамената. На овој начин ќе го избегнете дополнителниот притисок на половината и да ја задржите правилната позиција додека седите.

Тастатурата и глувчето треба да ви бидат на ниво на лактите. Рамената треба да ги опуштите, главата да остане исправена, а надлактиците покрај телото. Додека куцате, тастатурата треба да биде сместена во средина, пред вас, а глувчето во близина.

Мониторот треба да биде сместен пред вас. Постои и еден трик што ќе ви помогне да ја најдете правилната положба на мониторот: удобно сместете се во столицата, затворете ги очите и опуштете се. Потоа, полека отворајте ги очите. Таму каде што прво ќе ви застане погледот, тоа е средината во којашто треба да се постави мониторот.

За да не ве болат очите, оддалеченоста на мониторот од вас треба да биде колку што е испружена раката. Исто така, мониторот треба да биде подалеку од извор на светлина, па затоа користете завеса или ролетни за да може да ја регулирате светлината во просторијата. Можете да ја наместите и светлината на мониторот за да не ви биде премногу силен или затемнет додека работите. Правете чести паузи, оддалечувајте го погледот од мониторот, а исто така станувајте почесто за да може да ја зголемувате циркулацијата и да не чувствувате болки по телото од прекумерно седење.

Фото: Pexels