Како секогаш да добивате потврден одговор

26

potvrda

Фото: Pixabay

Луѓето не можат да погодуваат што сакате и веднаш тоа да го исполнат. Треба јасно и гласно да кажете што е тоа што ви треба. Случувањата во животот се во најголема мера одредени со комуникацијата, па доколку не можете да ги искажете вашите желби и потреби, тогаш единствена личност што треба да ја обвините кога работите ќе тргнат наопаку сте вие самите.

Во многу истражувања се вели дека ако сакате да добиете нечија наклонетост, замолете ја личноста за мала услуга. Во принцип луѓето сакаат да помагаат.

Единствено што треба да знаете е како правилно да замолите некого за помош и истата да ја добиете без двоумење. Еве шест правила што треба да ги практикувате ако сакате да добиете потврден одговор:

Бидете свесни за својата вредност, во спротивно ќе им дозволите на другите да ве потценат. На пример, кога преговарате околу висината на платата и знаете колку вреди вашата работа, тогаш добро ќе процените за сумата што ќе ја побарате и на тој начин големи се шансите и да ја добиете.

Бидете одредени и јасно кажете што сакате. Ако тоа не го правите, патот до целта ќе биде многу подолг.

Не претпоставувајте, никој не може да чита мисли. Без разлика колку добро ја знаете личноста, тој или таа не може да знаат што точно сакате во моментот.

Зборувајте за своите вредности и поставете јасни приоритети. Одбегнувајте да правите работи што не се исправни, односно поставете граници што нема да ги преминете.

Негативниот одговор не значи категорично одбивање. На пример, вашата молба е одбиена, што не значи дека треба да реагирате импулсивно и да ги прекинете односите со одредената личност или да се откажете од тоа што ви е понудено како моментално решение. Наместо тоа, погледнете ја ситуацијата од другата страна и бидете сигурни дека работите можат да се променат.