Како шефот да биде задоволен од вас

38

За претпоставените да бидат задоволни од вас треба континуирано да ги извршувате работните задачи според предвиденото и во дадениот рок. Сепак неколку мали работи можат да придонесат за шефовите да го забележат вашиот потенцијал.

Темелна проверка на мејлови

Секогаш неколку пати проверувајте ги мејловите што ги адресирате до претпоставените. Не дозволувајте да направите “смешни“ грешки поради кои ќе изгледате непрофесионално. Доколку се случат, признајте си ја грешката веднаш и извинете се.

Пријавувајте се за проекти

Понудете се да бидете вклучени во некој проект, којшто сметате дека ќе ги истакне вашите способности.  Ова само позитивно ќе биде за вашето резиме и за стекнување на нови знаења и искуства.

Барајте оценка за сработеното

Прашувајте ги шефовите за мислење и оценка за тоа што сте го сработиле. Така ќе знаете што правите правилно, а каде постои простор за подобрување.

Поправете ги грешките и преземете одговорност

Секој човек може да згреши, но она што е важно е да се признае грешката и да се преземе одговорност за стореното. Откако работите ќе дојдат во ред тогаш продолжете со останатите активности и задачи.

Прославете го успехот

Во ред е да го прославите успешно завршениот проект. Особено е важно да не ги препишувате сите заслуги за себе. Пофалете ги и останатите кои помогнале за успешниот крај. Претпоставените ги сакаат оние кои се залагаат за тимот и знаат како да ги потикнат и другите.

Фото:Pixabay