
Цената на нафтата од типот Брент денес надмина 117 долари за барел поради зголемените геополитички тензии околу Ормутскиот теснец, бидејќи инвеститорите стравуваат дека овој клучен транзитен премин за нафта ќе остане затворен подолго време ако САД ја продолжат блокадата на иранските пристаништа.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта WTI порасна за 5,34 проценти на 105.3 долари во 17 часот, а цената на нафтата Брент порасна за 6,46 проценти на 117.7 долари.
Американскиот претседател Доналд Трамп денес му се закани на Иран во објава на социјалната мрежа Truth Social, велејќи дека е подобро за нив „брзо да се вразумат“, бидејќи, како што изјави, раководството на Техеран сè уште не успеало да се собере, пренесува CNBC.











