Како технологијата да не ви ја црпи енергијата

21

Маиловите, социјалните мрежи, четовите и сите актуелности и новости, ја црпат нашата енергија повеќе од што мислиме. Пробајте користењето на електрониката да ја сведете на минимум, секако доколку вашата работа го дозволува тоа. Во продолжение прочитајте неколку совети како да си помогнете.

Исклучете ги сите уреди барем 2 часа пред спиење

Светлото од вашиот лап топ, телефон или таблет пред спиење го наведува мозок да мисли дека е ден и го пореметува сонот. Затоа, барем 2 часа пред спиење, исклучете ја целата електроника, па дури и телевизорот и немојте да ги оставате уредите да се полнат во вашата спална соба. Верувајте дека и најмалиот извор на светлина од вашиот мобилен телефон или лап топ може да го поремети вашиот сон.

Поставете си граници

Во текот на денот, секогаш кога ги проверувате вашите е-маил адреси, чувствувате налет на допамин. После некое време, ако не сте во можност да го проверите вашиот компјутер кога ќе посакате, ќе почувствувате тага, односно ова е нешто како зависност. Затоа, поставете си граници, колку и во кое време може да бидете пред компјутер, ова посебно важи за време на викендот и времето кога сте дома. Обавезно исклучете ги нотификациите за примени маилови на вашиот телефон. Секако доколку вашата работа не налага поинаку.

Сведете го користењето на социјалните мрежи на минимум

Можеби сега не ги чувствувате последиците и негативните влијанија што социјалните мрежи ги имаат на вашиот живот, но дефинитивно ќе се почувствувате исполнето и среќно доколку времето што го посветувате на социјалните мрежи го пренасочите во читање, истражување, прошетка или планинарење. Ќе бидете благодарни и ќе почувствувате позитивна промена. Верувајте дека нема ништо да испуштите доколку не проверите кој што поставил на социјалните мрежи. Секако, доколку социјалните мрежи ги користите за работа, потрудете се да ги користите колку што можете исклучиво за работа, без да губите време проверувајки лични нотификации. Вака ќе заштедите многу време и ќе сфатите колку всушност време сте губеле бесцелно.

Фото: Pexels