Како тенисот ѝ помогна на Марија Шарапова во бизнисот

51

Во февруари годинава петкратната победничка на Грен Слем турнирот се повлече од професионалното играње тенис и веднаш се ангажираше околу својата компанија за слатки, Sugarpova која постои од 2012 година.

Тениската ѕвезда Марија Шарапова според магазинот Forbes, 11 години по ред беше една од најплатените спортистки во светот.

Кога Шарапова првпат го лансираше брендот Sugrapova, не знаела во што се впушта.
“Не обрнував внимание на деталите, а тоа е најважно на почетокот“, рече таа.

Sugarpova претставува линија на бонбони што ги создаде Џеф Рубин, основач на IT’SUGAR. Sugarpova е линија слатки, чиј вкупен приход од продажба оди во фондацијата Марија Шарапова. Оваа линија на слатки е претставена во 2013-та година, а три години подоцна Sugarpova склучи партнерство со полската кондиторска компанија Baron Chocolatier за производство на премиум чоколади.

За да стане ефикасен извршен директор, извлекла поуки од својата спортска кариера.

Првите спонзорски договори, Шарапова ги имала со Nike и Prince, но потоа ја прошири соработката и со IMG, Tag Heuer, Canon, Motorola и Colgate Palmolive. Нејзината годишна заработка од три се искачи на 18 милиони долари, со што стана една од најплатените спортистки во светот. Сето ова ѝ помогна подоцна во водењето на финансиите.

Како што наведува Шарапова, нејзината способност да води тим произлегла директно од години работа под притисок во ситуациите од теренот, асистентите и одлучување за приоритети кога ќе наиде на густ распоред.

Шарапова сега користи слични стратегии од теренот. На пример, откако сфатила дека претерува со состаноците, ги ограничила на два или три дневно.

“Не претерувајте, знам дека тоа е еден од оние предлози кои се чинат за тешки во овие времиња, но ако имате време само за себе, ќе станете подобар лидер“, вели Шарапова.

Фото: Facebook