Како треба да се однесува шефот на компаниска забава

34

zabava

Фото: Pexels

Вработените во текот на годината внимателно го следат и анализираат однесувањето на шефовите. Тие набљудуваат како претпоставените комуницираат со нив во добри и лоши периоди на компанијата и колку добро ќе се поврзат со нив на сите нивоа. Но, новогодишната забава е совршено место каде може да создадат совршена слика за шефот.

Постојат помалку очигледни работи коишто тие ги забележуваат, а влијаат на кредибилитетот на шефот, без тој да забележи. Според Inc, лидерите на една компанија треба да знаат како треба, а како не треба да се однесуваат.

Да се појави на забавата

Ова можеби изгледа очигледно, но има и шефови кои не сакаат да се појават на забавата. Дури и на кратко, тој треба да се појави на настанот, а неговите вработени ќе го ценат неговиот напор да помине одредено време со нив.

Да не се дружи само со другите шефови

Шефовите се чувствуваат попријатно во друштво со други шефови, но вработените очекуваат да се дружат и со нив.

Да не го поминува времето само со соработниците

Лесно е да се помине времето со луѓе со кои соработувате, но шефовите забавата би можеле да ја искористат и за поврзување со вработени од други сектори.

Да не биде во центар на вниманието

Шефот е центар на внимание преку целата година. На забавата треба да ги остави другите да бидат во фокусот.

Да не зборува за бизнис

Многу од вработените не сакаат да зборуваат за бизнис на ваков настан, но честопати се приморани, а тоа ги става во непријатна позиција.