Како Турците се борат против инфлацијата – купуваат половни автомобили

163

Турците се обидуваат да ги заштитат своите пари од инфлација со купување половни автомобили, бидејќи се свесни дека со депонирањето пари во банките ризикуваат брзо да ја загубат вредноста.

Стапката на инфлација е повисока од 70 проценти и ова е највисока стапка на инфлација во Турција во последните 25 години. Централната банка на оваа земја одлучи каматната стапка да биде 14 отсто, што е значително пониска од стапката на инфлација.

Затоа жителите решиле да земат долгорочни кредити за да можат да купат различни работи. Попрво ќе се одлучат за кредити отколку парите да ги чуваат во банки.

„Купив автомобил, со цел да заработам, за 765.000 лири, а за час-два неговата цена ќе биде повисока за 20 проценти. Тоа е реалност овде. Ќе бидам искрен, ќе чекам што е можно подолго за да можам да заработам што повеќе“, изјави еден од граѓаните на Турција.

Ова не е единствениот начин на кој луѓето од оваа земја се обидуваат да се заштитат од инфлацијата. Сè повеќе има луѓе кои домашната валута, лирата ја менуваат за постабилни валути – евро и долар, но и за злато, пренесува Klix.ba.