Како успешните го дефинираат успехот

82

cevli-pexels

Фото: Pexels

Секој човек има своја дефиниција за успех и токму затоа не постои една реченица што може да го објасни значењето на тој збор. Успехот во голема мера е процес што трае подолго или пократко. Сепак, за да умееме да го кажеме што е за нас успех, треба прво да знаеме што нè прави среќни и задоволни.

Еве неколку дефиниции од успешни луѓе кои знаат што сакаат и ја откриле дефиницијата на својот успех.

Успех е да се живее живот што има значење, живот со цел. Тоа е живот каде другите ги ставам пред себе и се чувствувам мирно и спокојно – Енди Падикомб, коосновач на Headspace.

Можност да правам што сакам, можност да истражувам и да ја направам саканата промена. Порано ја немав таа можност, бев врзан од мислата дека треба да добијам плата – Дејвид Агус, универзитетски професор и соработник во телевизиската компанија CBS.

Успехот за мене не доаѓа само од работата. Што повеќе балансирате во животот тоа подобро. Успехот е патување на кое не стигнувате за еден ден, ниту за неколку години. Полека, но сигурно станувате сè попаметни – Федерика Марчиони, претседател на Dolce & Gabbana Inc.

Да си легнам навечер и да бидам задоволна со себе, со мојот живот и со луѓето околу мене – Агапи Стасинопулос, автор и говорник.

Успех е да се разбудам наутро и да ги правам нештата што ги сакам. Тоа е кога се чувствуваш буден и поврзан со тоа што има значење во животот. Успех е да можеш да бидеш со оние што ги сакаш и да имаш добро здравје – Марк Хајман доктор и основач на UltraWellness Center.

Успех е да не мора да објаснуваш што си постигнал во животот… другите го прават тоа за тебе – Дебора Хопкинс, шеф на одделот за иновации во Citibank.

Да бидете сигурни дека тоа што го правите ви помага вам и на другите да водите подобар, посреќен и поздрав живот – Кара Голдинг, извршен директор на Hint Water.

За мене успех е да создадете бизнис што им дава еднаква моќ на клиентите, вработените и заедницата. Да се креира позитивна вредност во животите на луѓето од приватна и професионална гледна точка – Ден Курц, коосновач на Mailchimp.

Да го живеам секој ден со позитивна мисла, да се чувствувам задоволна од околностите, да имам баланс во сите важни сфери и да имам време и ресурси да го правам она што го сакам – Марша Бекер, докторка и директор на Adult Rehabilitative и Rural Services.