Како успешните се справуваат со стресот?

24

stress-relax-pixabay

Фото: Pixabay

Проверени и докажани начини на справување со стресот коишто ги практикуваат успешните луѓе.

Практикуваат благодарност

Благодарни се и задоволни од она што го имаат. Знаат да ги практикуваат овие две особини и тогаш кога на другите тоа им е тешко. Така се чувствуваат посреќни, а со тоа стануваат и попродуктивни.

Позитивни се

Лесно е да се каже, но на многумина тоа тешко им оди. Успешните лекот го наоѓаат во потиснување на негативните мисли или пак се обидуваат од нив да извлечат поука.

Се фокусираат на напредок, не на совршенство

Знаат дека не постои совршенство затоа не го ни бараат. Доколку можете да се ослободите од слабоста по неговата потрага стресот веднаш ќе се намали.

Се грижат за себе

Грижата за себе е една од најважните работи, ако сакате да успеете во животот. Здравите навики на овие луѓе им се секојдневие. Доволно сон, ограничување на кофеинот и алкохолот, физичката активност и повремено “дисконектирање” од сите се некои работи што успешните луѓе постојано ги практикуваат.

Се потпираат на навики

Една од најголемите причини за стресот е донесувањето на одлуки мали или големи. Секоја од нив носи доза на стрес. Затоа успешните луѓе ги сакаат навиките, рутините. Така, кога однапред знаеш што треба да направиш, стресот од неодлучноста го нема. Малите секојдневни работи за нив се само една навика. Со тоа тие ја чуваат својата енергија за големи и важни одлуки во животот.

Секогаш ја гледаат “големата слика”

Пред нив секогаш се наоѓа целта, односно големата слика. Попатните работи се само минливи ситници за кои не треба многу размислување. За нив одговорот на  “зошто” е многу поважен отколку одговорот на “како”.

На пример, можеби не ви се допаѓа да извршувате одредена физичка активност, но ако ги гледате добрите страни, како потрошената енергија и зголемување на ендорфинот (хормонот на среќата), сигурно ќе размислите поинаку.