
Француската влада ќе им дозволи на трговците на мало да ги отвораат продавниците во недела до Божиќ, со цел да се компензира изгубениот приход поради протестите и грабежите, изјави денес портпаролката на владата на земјата, Мод Брежон.
„Ќе дозволиме неделно отворање до Божиќ, за да им овозможиме на трговците на мало да го надоместат овој изгубен приход“, изјави Брежон за BFM TV.
Таа изјави дека веќе постојат исклучоци што можат да ги одобрат градоначалниците, додека префектите можат да го прошират бројот на дозволени работни недели во текот на годината.











