Како успешно да ги балансирате работата и приватниот живот

83

Вечната потрага по балансот помеѓу работата и домот може (донекаде) да се постигне доколку ги следите следниве неколку совети.

Прифатете го фактот дека не постои идеален баланс

Колку и да се трудите, понекогаш совршениот баланс помеѓу работата и приватниот живот не постои. Затоа, колку побрзо го прифатите тој факт, толку подобро ќе функционирате на двете полиња.

Работете го тоа што го сакате

Немојте по секоја цена да заглавувате на место кое не го сакате и воопшто не ве прави среќни. Потрудете се да го работите тоа што го сакате. Понекогаш е доволно само да излезете од зоната на комфорот или да кажете НЕ.

Грижете се за здравјето

Ако не се грижите за здравјето сите други заложби ќе ви бидат бесцелни. Затоа, прво погрижете се да сте во добра психофизичка состојба, па потоа решавајте ги останатите работи и проблеми.

Поставете граници, цели и приоритети

Поставете граници во работата, цели во животот и најдете ги вашите приоритети. Кога знаете што сакате, колку сте способни и што ве прави среќни, тогаш полесно ќе можете да се фокусирате на тоа.

Потиснете ја грижата и стравот

Се случува грижата и стравот да надвладеат над разумот и да ги потиснат нашите умеења. Бидете храбри и не дозволувајте некој друг да одредува за вас. Не се плашете од можни сценарија на работа и дома колку и да ви изгледаат страшни и невозможни за решавање.

Фокусирајте се на резултати

Не го мерете времето, мерете ги резултатите. Можеби не сте доволно дома, но поминатото време со семејството е навистина квалитетно и ќе даде позитивни резултати. И обратно, ако сте биле отсутни подолго време од работните обврски најдете ги вистинските луѓе кои ќе можат да ви помогнат и повторно ќе го постигнете бараниот резултат.

Фото: Pexels