Како успешно да менаџирате кога имате работа плус

24

pexels-photo-273222

Фото: Pexels

Работа со полно работно време плус работа којашто е од неколку часови, бара добра организација, а стресот е најчесто неизбежен. Прашањето е како да се организирате кога работите по цел ден.

Доколку, поради финансиски причини е потребно да работите две работи истовремено, како втора работа одберете ја најдобрата можна опција, којашто нема да ве заморува. Исто така идеално би било кога втората работа би била комплетно различна од првата, за да не би дошло до судир на интереси и за да не се заситите пребрзо.

Иако изгледа невозможно, потрудете се да најдете време за вашите приватни обврски. Во спротивно “прегорувањето“ не ви бега.

Премногу работа не ви остава доволно време за здрав начин на живот, но од исклучителна важност е да вежбате, да се храните здраво и доволно да спиете. Со добар распоред ќе успеете и во тоа.

Дополнителната заработувачка вложете ја во вашата цел, каква и да е, и не се расфрлајте со тешко заработените пари. Денес можеби ќе има повеќе, но за утре не се знае.

Не дозволувајте вашата главна работа, којашто ви донесува најголема заработка на било кој начин да “трпи” поради дополнителните обврски.

Доколку увидите дека сепак не можете да одговорите на задачите онака како што очекувавте, направете го тоа што треба. Сепак, здравјето не смее да биде запоставено за некој денар плус.