Како вештачкото осветлување во канцеларијата влијае на продуктивноста?

185

И природното, но и вештачкото осветлување, во одредена мера влијаат врз создавањето на различни емоции кај луѓето, па затоа треба сериозно да се земе предвид кога се одбира осветлување за просторот.

Ако работите во канцеларија, тогаш сигурно имате сијалици што треба да ви доловат доволно светлина за да можете да ги извршувате секојдневните обврски на работа.

Експертите препорачуваат имитирање на природна светлина, така што интензитетот ќе биде посилен во утринските часови, додека послабо осветлување се препорачува за навечер. Како причина за тоа се наведува биолошкиот часовник кај луѓето, кои кога ќе станат наутро ги буди светлината, а во текот на ноќта се прилагодуваат на темнината надвор.

Исто така, температурата на светлата влијае на расположението и продуктивноста. Кога се зборува на студено и топло светло, не се мисли на физичка топлина што може да се почувствува, туку на тонот на боите што го зрачи осветлувањето. Топлите светла ја прават атмосферата пријатна за работа, додека студеното осветлување прави да бидеме посконцентрирани на работата.

Не смееме да ги заборавиме ниту екраните на мобилните телефони и компјутерите, бидејќи тие емитуваат студено светло, така што нивната употреба може да влијае на квалитетот на сонот.

Жолтите тонови кај топлото осветлување се поврзува со изгрејсонце и залез, односно оние делови од денот кога телото треба да се опушти и смири.

Фото: Pexels