Како вистински да им служите на клиентите

30

klient

Фото: Pixabay

Ако сакате да бидете број еден избор од толпата конкуренти, треба да го смените начинот на дејствување. Престанете со продавање и почнете со служење на потрошувачите.

Еве како да го изведете тоа:

Имајте мисија

Луѓето денес не ги интересира само да купат нешто, туку сакаат да бидат дел од нешто. Затоа компаниите што имаат мисија според која се водат имаат препознатлив бренд. Вашата мисија може да биде социјално влијателна или во поголема доза апстрактна. Сите сакаме животот да ни биде поедноставен, попријатен и попродуктивен. Пронајдете ја вашата мисија, вклучете го тимот во нејзиното остварување и спроведувајте ја низ сè што креирате и продавате.

Внимавајте што зборувате

Не се обидувајте да продадете по секоја цена и на било каков начин. Внимавајте што кажувате и како се изразувате. Тоа само ќе ве издаде дека нешто криете. Бидете директни со клиентите. Ако правилно го разберат тоа што им го нудите ќе знаат дали им треба или не. Во спротивно, доколку користите трикови за да ги наведете дали е вака или онака, ризикувате да си наштетите на себе си и на компанијата.

Променете го начинот на размислување

За да се помрднете од мртвата точка целиот им треба да размислува и надвор од продажбата. Тоа може да започне на едноставен начин, како на пример, промена на одредени називи на работните позиции. Денес многу компании го отфрлаат терминот “продавач” и наместо него користат поинакви називи од типот на “менаџер за продажба” и слично. Тоа му дава пошироко значење на самиот збор – некој што знае и добро умее да ги услужи клиентите.

Градете однос на долги патеки

Секоја врска на долги патеки се гради врз доверба, а довербата значи да се биде транспарентен кога продажбата не моментален избор. Запознајте ги потребите на вашите потенцијални клиенти и искрено кажете им дали нешто можете да направите за нив. Ако вашиот производ одговора на потребата на клиентот тие ќе го ценат вашиот труд и повторно ќе се вратат. Ако не, ќе ја ценат вашата искреност и ќе се вратат кога ќе се сменат нивните потреби.

Работете со полна переа

Дефиниција за услужна дејност е да се работи ЗА некого. Тоа значи дека треба да направите с
Ако сакате да бидете број еден избор од толпата конкуренти  треба да го смените начинот на дејствување. Престанете со продавање и почнете со служење на потрошувачите.

Еве како да го изведете тоа:

Имајте мисија

Луѓето денес не ги интересира само да купат нешто. Сакаат да бидат дел од нешто. Токму затоа компаниите што имаат мисија според која се водат имаат препознатлив бренд. Вашата мисија може да биде социјално влијателна или во поголема доза апстрактна. Сите сакаме животот да но биде поедноставен, попријатен и попродуктивен. Пронајдете ја вашата мисија, вклучете целосно тимот во нејзиното остварување и спроведувајте ја низ сè што креирате и продавате.

Внимавајте што зборувате

Не се обидувајте да продадете по секоја цена и на било каков начин. Внимавајте што кажувате и како се изразувате. Тоа само ќе ве издаде дека нешто криете. Бидете директни со клиентите.  Ако правилно го разберат тоа што им го нудите ќе знаат дали им треба или не. Во спротивно, доколку користите трикови за да ги наведете дали е вака или онака, ризикувате да си наштетите на себе си и на компанијата во голема мера.

Променете називи и начин на размислување

За да се помрднете од мртвата точка целиот им треба да размислува и надвор од продажбата. Тоа може да започне на едноставен начин, како на пример промена на одредени називи на работните позиции. Денес многу компании го отфрлаат терминот “продавач” и наместо него користат поинакви називи од типот на “менаџер за продажба” и слично. Тоа му дава пошироко значење на самиот збор – некој што знае и добро умее да ги услужи клиентите на најдобар начин.

Градете на долги патеки

Секоја врска на долги патеки се гради врз доверба. А довербата значи да се биде транспарентен кога продажбата не моментален избор. Запознајте ги потребите на вашите потенцијални клиенти и искрено кажете им дали нешто можете да направите за нив. Ако вашиот производ одговора на потребата на клиентот тие ќе го ценат вашиот труд и повторно ќе се вратат. Ако не ќе ја ценат вашата искреност и ќе се вратат кога ќе се сменат нивните потреби.

Работете со полна переа

Дефиниција за услужна дејност е да се работи ЗА некого. Тоа значи дека треба да направите сè што е потребно за да им го олесните купувањето. Комуницирајте на сите можни начини во живо, преку мејл, телефон, социјални мрежи… и помогнете им доколку имаат некаков проблем. Дајте сè од себе, кога ќе го смените фокусот на функционирање од продавање кон вршење на услуга, никој нема да изгуби.