Како влијанието на Брегзит се покажа полошо за економијата на Британија од пандемијата?

73

Влијанието на „Брегзит“ врз економијата на Велика Британија ќе биде полошо од она што го предизвика пандемијата. Ова го истакна претседателот на фискалниот надзорен орган на Обединетото Кралство – Ричард Хјуз, цитиран од медиумите на островот

Според Канцеларијата за буџетска отчетност на земјата (ОBR), „напуштањето на ЕУ долгорочно ќе го намали БДП за околу 4 отсто. И ова е мерка за големината на економијата“, изјави Хјуз за Би-Би-Си.

Според него, ќе се намали и производството – за уште најмалку 2%.

Во однос на инфлацијата, се проценува дека најверојатно ќе достигне 4,4%, а можно е да го достигне највисокиот врв забележан во Обединетото Кралство во последните три децении.

Во моментов односите меѓу Обединетото Кралство и Франција се најжестоки. Париз му се заканува на Лондон дека следната недела ќе ги блокира британските бродови од некои пристаништа доколку не се реши спорот околу дозволите за риболов.

Франција, исто така, ја предупреди Британија да очекува ограничување на снабдувањето со енергија на Каналските Острови доколку не се постигне соодветен трговски договор.

Последиците од „Брегзит“ и нанесуваат повеќе штета на Британија отколку на Европската унија. Недостигот на работна сила и енергетската криза сериозно ја оштетија земјата, а иако британските власти се обидуваат да го убедат населението дека причината е пандемија, се повеќе луѓе гледаат дека разводот од ЕУ дополнително ја искомплицира кризата.