Како времето да работи за вас

77

casovnik-pixel-foto

Фото: Pexels

Способноста да управувате со времето ќе ви помогне навреме да ги завршите обврските, да ги испочитувате роковите и да го намалите стресот на работа. Таа вештина ја имаат луѓето кои знаат да ги одвојат приоритетите од помалку важните работи и на тој начин стануваат попродуктивни, се чувствуваат порелаксирано и доживуваат помалку стрес. Psychcentral нуди неколку совети за полесна “борба“ со времето.

Направете си листа

Најпрво, одвојте ги приоритетните задачи од оние кои не се ограничени со време и може да почекаат. Една од умешностите при правење т.н. to do листа е да биде концизна и да ги содржи оние задачи кои реално може да ги завршите во текот на работниот ден.

Поставете си крајни рокови

Поставете си краен датум до којшто реално би можеле да завршите одредена задача. Овој рок најдобро е да биде неколку денови пред да го предадете проектот на разгледување или одлуката за гласање во компанијата. Со поставување на т.н. deadline нема да го губите времето на непотребни работи, а концентрацијата и вниманието ќе ви бидат насочени кон она што треба да го завршите.

Не работете повеќе работи одеднаш

Кога имате важна работа, а сте ограничени со време, целосно посветете се на таа задача. Мултитаксингот можеби ви оди од рака ако имате искуство и стручност во работата, но во одредени ситуации може само да ви наштети.

Делегирајте ги одговорностите

Дури и најдобрите и најефикасните вработени не можат сè да завршат сами. Многу е важно да процените што може да сработите сами, а за што може да побарате помош од колегите или соработниците. Делегирањето не е знак на слабост, туку знак на интелигентно управување со времето. Во тој дел, најважно е да ги најдете колегите на кои најмногу им верувате.

Искористете го времето додека не сте на работа

Ако заглавите во сообраќајниот метеж со автомобилот, пазарувате, чекате на ред кај лекарот… тоа време може да го искористите за да си направите план за работните активности што ве очекуваат. Но, не заборавајте дека не треба сите слободни моменти да ги поминувате размислувајќи за работата.

Почестете се

Доколку успешно ја завршите работата, во тој случај почестете се. Може тоа да го направите со вечера со пријателите, некое интересно патување, купување облека или некој друг детаљ што ви значи, а што ќе ве мотивира и потсетува на добро завршената задача.