Како за време на празниците да го одморите вашиот мозок

39

odmor

Фото: Pixabay

Празниците се шанса да се одморите од работата и да си посветите време себе си и на својата фамилија. Овие денови искористете ги за подобрување на сопствената продуктивност и не го трошите времето на бесмислени активности. За да го подобрите вашето расположение и продуктивност и да влезете полни со елан во 2017 година, Inc ги наведува следниве совети:

Заборавете на работата

Престанете да ја проверувате вашата електронска пошта и да се допишувате со вашите колеги.

Наспијте се

Спиењето е од исклучителна важност за здравјето. Истражувањата покажуваат дека добриот сон ја подобрува нашата благосостојба, затоа одморете го вашето тело и мозок за да ги наполните батериите.

Научете нови вештини

Учењето на нешто ново, влијае врз зголемување на моќта на мозокот. За време на слободните денови посветете се на некое хоби.

Посветете се на фамилијата и пријателите

За време на одморот може да поминете повеќе време со партнерот, семејството, пријателите. Посветете им внимание бидејќи истражувањата покажуваат дека поврзаноста со најблиските во нашиот живот нè прави посреќни и поздрави.

Уживајте

Сите претходно наведени совети се бескорисни доколку правите нешто што не сакате. Најважниот начин да се создаде среќа и благосостојба за време и по вашиот одмор е да бидете сигурни дека ќе поминете барем малку од вашето време правејќи работи во коишто навистина уживате.