Како земјава се подготвува за прием, чување, дистрибуција и аплицирање на вакцините?

19

На предлог на Министерството за здравство, Владата ја разгледа и усвои Информацијата за вакцинацијата против КОВИД-19 и ги задолжи Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Царинската управа и Министерството за здравство во рок од седум работни дена да изготват и достават до Министерството за здравство сопствени акциски планови (активност, надлежна внатрешна организациона единица, овластено лице/овластени лица, рокови) и стандардни оперативни процедури (СОП) за прием, физичко обезбедување, чување, дистрибуција и аплицирање на вакцините против КОВИД-19, согласно нивната надлежност и нивната улога во спроведувањето на Националниот план за вакцинација против КОВИД-19.

Во врска со оваа информација Владата му препорачува на ТАВ Македонија ДООЕЛ Скопје во рок од седум работни дена да изготви и достави до Министерството за здравство сопствен акциски план (активност, надлежна внатрешна организациона единица, овластено лице/овластени лица, рокови) и стандардни оперативни процедури (СОП) за прием, физичко обезбедување, чување, дистрибуција и аплицирање на вакцините против КОВИД-19.

Министерството за финансии и Бирото за јавни набавки, во соработка со Министерството за здравство, во рок од најдоцна пет дена треба да изготват Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки со што ќе се овозможи плаќање на аванс поголем од 20% од цената и ослободување од обврската за обезбедување банкарска гаранција за авансно плаќање во постапките за јавни набавки директно поврзани со справувањето со епидемии и пандемии на заразни болести.

Фото: Freepik