Каков е женскиот стил на управување со компанијата?

66

Жените имаат природни предиспозиции да прават неколку работи одеднаш. Тоа се нарекува мултитаскинг, но за голем број жени е само вообичаен начин во исто време да се завршат неколку работи подеднакво успешно. Ова не важи само за извршување на домашните задачи и обврски, туку и за оние активности на работното место.

Се верува дека секој маж или жена има свој начин на којшто комуницира со вработените, на поинаков начин го води тимот и својствено на својот карактер, убедување и искуство ја насочува компанијата кон целите.

Но, кај таканаречениот женски стил на управување или во ситуации кога зад “кормилото“ на компанијата застанува жена, постојат некои карактеристики:

Флексибилност

Жените сакаат да го чујат мислењето на другите, сакаат да комуницираат и соработуваат, но сепак се борат за својот авторитет. Флексибилноста им овозможува во одредени ситуации да бидат полни со разбирање, тимски пристап, но тоа да е комбинирано со почит, доследност и висок професионализам.

Отворена комуникација

Жените лидери сакаат да бидат транспарентни, па за нив комуникацијата е еден од важните темели за градење здрав однос во компанијата. Тие претпочитаат да го слушнат мислењето на другите, да го вклучат во проектот на којшто работат, но сепак поради природата на работата да го имаат крајниот збор.

Поставување граници

Секоја жена, без разлика на која возраст е и со какви убедувања живее, има огромна почит кон семејството и вредностите што произлегуваат од таму. Жените лидери се пофлексибилни, имаат поголемо разбирање на потребите на нивните вработени, но не смеат да дозволат да се преминат границите и таа нивна флексибилност да се злоупотреби. Затоа, важно е да се постават јасни граници до каде може да се игра на “картата“ на емоции.

На крајот важно е да се напомене дека и кај мажите лидери ги имаа овие карактеристики. И тие се чувствителни, со разбирање за колегите, со желба заеднички да се решат главните предизвици во компанијата. Важно е секој лидер, без оглед на неговиот пол, убедување и слично, да ги негува вистинските вредности, да ги почитува своите вработени, да го поттикнува тимот, да го мотивира кога тоа е неопходно и да биде лидер во вистинската смисла на зборот.

Фото: Pexels