
Веста што ги потресе финансиските пазари ширум светот се појави денеска кога повеќе медиуми објавија дека претседателот Доналд Трамп, наводно, размислува за 90-дневна пауза на увозните царини.
Оваа информација предизвика вистински хаос на Волстрит!
JUST IN – White House says 90-day pause in tariffs is “fake news.”
— Disclose.tv (@disclosetv) April 7, 2025
Сепак, Белата куќа набрзо излезе и ги демантираше гласините. Портпаролот јасно стави до знаење дека администрацијата на претседателот Трамп нема намера да ги укине или паузира тарифите што беа претходно воведени. Според нив, борбата за фер трговски услови продолжува со полна сила.
Се поставува прашањето: кој ја објави оваа вест која предизвика толкав метеж на пазарот? Според неофицијални информации, веста дошла од кругови блиски до финансиски аналитичари кои погрешно го протолкувале сигналот од Белата куќа, надевајќи се дека ќе ги намалат трговските тензии.
И додека инвеститорите се обидуваат да закрепнат од овој остар пресврт, едно е сигурно – трговските војни се далеку од завршени, а секоја нова информација ќе продолжи да ги тресе глобалните пазари.
Фото: pixabay