Каква е таа виза за дигитален номад?

129

Дигиталните номади се претприемачи кои работат полно работно време од било кое место на светот, каде што можат да се сместат и да го поврзат својот компјутер. Во доба на дигитализација и пандемија, расте бројот на луѓе кои работат далеку од канцеларија, па се сместуваат или во својот дом или на некое сосема друго место.

Властите во Естонија одобрија законски измени со коишто се предвидува можност за издавање визи за дигитални номади. Тоа ќе ја направи Естонија меѓу првите земји во светот што овозможуваат ваков вид на визи, пренесува Schengen Visa Info.

“Визата за дигитални номади го зајакнува имиџот на Естонија како е –држава и на тој начин овозможува земјата да има ефикасна улога во меѓународни рамки. Исто така, ова придонесува за извоз на естонски ИТ решенија, што е посебно важно за закрепнување на економијата по актуелната криза“, смета естонскиот премиер, Март Хелме.

Околу 1.800 лица годишно би можеле да се пријават за да добијат ваков вид на виза. Засега виза за дигитални номади издаваат: Германија, Костарика, Норвешка, Мексико, Португалија и Чешка.

Фото: Freepik