Каква иднина ни предвидува Илон Маск?

35

Американскиот претприемач Илон Маск верува дека за 10 години поголемиот дел од автомобилите ќе возат самостојно.

“Сè поретко ќе биде некој сам да го вози својот автомобил“, рекол Маск, кој во Берлин ја добил наградата Аксел Спрингер. Наградата што го носи името на основачот на најголемиот германски медиумски концерн, којшто ги издава весниците Build или Welt, се доделува по петти пат на лица кои имаат посебно чувство за инвентивност.

Меѓу добитниците на оваа награда се и основачот на Facebook, Марк Цукерберг и сопственикот на Amazon, Џеф Безос.

Маск во Берлин изјави дека не се противи на соработката со етаблираните производители на автомобили, како што се BMW или Mercedes.

“Ако некои конкурентни дојдат во Tesla со некој предлог за соработка ние нема да се противиме“, рекол Маск.

Tesla во овој момент во близина на Берлин ја гради најголемата фабрика во Европа во којашто од следната година би требало да се произведува и до пола милион автомобили на електричен погон. Тој најави дека на исто место ќе има и фабрика за акумулатори за електрични автомобили.

Фото: Instagram