Каква игра е Pokemon Go?

37

pokemon go

Pokemon Go е мобилна игра којашто за кратко време стана глобален феномен, пишува ВВС.

Прво што треба да се направи е да се инсталира апликацијата, а мобилниот уред преку GPS ја проектира околината во којашто се кријат виртуелните јунаци – познатите Pokemon. Секој чекор на корисникот е видлив и се следи на екранот.

Корисникот треба да дојде до местото на коешто се појавува Покемонот, потоа се вклучува камерата што ќе ја покаже реалната околина, а на екранот ќе има и Покемон којшто мора да го фати со прецизно фрлање на поке – топка… Целта на играта е да се уловат што е можно повеќе јунаци, со што корисникот станува посилен.

Зад Pokemon Go стои креаторот на видео игри Niantic, којшто 50% во сопственост на Nintendo.