Каква ќе биде 2023 година на пазарот на капитал?

Прогнозите за следната година на пазарот на капитал се многу неблагодарни, а мора да се признае дека не им оди добро ниту на аналитичарите на Волстрит.
Во текот на првите дваесет години од овој век, нивните прогнози ја промашија целта за речиси 13 процентни поени секоја година во просек. Во 2021 година тие значително пропуштија, просечната прогноза за индексот S&P 500 беше околу 3.800 поени, но овој индекс ја заврши годината на 4.766 поени.

А погрешни беа и прогнозите за оваа година. Имено, пред една година стратезите предвидуваа дека оваа година ќе биде позитивна и дека на крајот на годината индексот S&P 500 ќе биде на ниво од 4.825 поени, но реално е за околу 1.000 поени понизок.

Вистината – никој не очекуваше војна во Украина пред дванаесет месеци. А што велат предвидувањата за 2023 година? Се чини дека пазарот треба да ја заврши годината на малку повисоко ниво од денес. Со други зборови, S&P 500 се очекува да биде малку над 4000 поени на крајот на декември 2023 година.