Каква работа сакаат миленијалците?

237

Неодамнешно истражување на вработени миленијалци (родени од почетокот на осумдесетите до средина на деведесетите) откри дека повеќе од половина (61%) остануваат на работа не поради исполнетоста, туку поради сосема други причини. За тоа што сакаат миленијалците од својата работа прочитајте во продолжение:

Платата е важна

На прашањето што би помогнало некоја работа повеќе да ги исполнува, 87% миленијалци одговориле поголема плата.

Ова може да биде изненадувачки за генерациите кои биле подготвени да работат за помала плата во замена за работа којашто ги исполнува. Овој искрен и практичен одговор не треба да изненадува со оглед на ниските плати делени со години.

Имајќи предвид дека истражувањето е правено во Америка, нивната реалност е тоа дека 44 милиони Американци во просек имаат 33.000 долари студентски долг, додека миленијалците на возраст од 25 до 34 години имаат 42.000 долари долг. Многу миленијалци не се во можност да ги покријат основните трошоци за живот, а четири од 10 миленијалци велат дека нивните секојдневни трошоци се главна причина за долг на кредитни картички.

Рамнотежата помеѓу приватниот и деловниот живот е сè поважна

Миленијалците основаат семејства и не само што имаат деца, туку и нивните родители влегуваат во старост и ќе им треба дополнителна помош и финансиска поддршка за да останат здрави. За да се прилагодат на новите услови и барања на работниците, компаниите треба да се фокусираат на флексибилно работно време, да овозможат работа од дома и да станат понапредни во структурирање на типичен работен ден.  Затоа, работодавачите треба да ги интервјуираат вработените, да ги дознаат нивните потреби, желби, планови кога станува збор за личен и деловен живот и да ги прилагодат работното време и другите работни услови. Компанијата има потреби, но исто така и вработените, ако тие не се задоволни, тоа најмногу ќе влијае на работата.

Сакаат поголема почит

Бидејќи секоја генерација е поврзана со индивидуални карактеристики, така и за миленијалците има стереотипи. За нив најчесто се вели дека ги кршат правилата и се мрзливи. Миленијалците го почитуваат авторитетот, но тие најмногу го почитуваат кога тоа е заслужено, а не принудно. Ова може да биде горчливата пилула што работодавачите треба да ја проголтаат, но ако сакате најголемата генерација на работна сила да работи за вас, изградете врска со нив заснована врз взаемно почитување. Никој не сака да работи за шеф кој бара и делегира со ставот “затоа што така реков“.

Фото: Pexels