Какви беа почетоците на најголемите компании – некои почнале со јуфки, а завршиле со електроника

179

Без оглед колку е успешен и познат нечиј бизнис низ целиот свет, сите тие морале да започнат од некаде, а тоа обично значи многу поскромно издание од она што го знаеме денес.

Harley Davidson (1903)

Познатиот бренд мотоцикли е основан во Милвоки и е заеднички проект на двајца пријатели чие презиме беше, претпоставувате, Харли и Дејвидсон. На оригиналниот тим Вилијам Харли и Артур Дејвидсон, по неколку години се приклучи и братот на Артур, Волтер. Првиот модел на моторот е направен во барака и беше користен на трка во 1904 година, каде неговиот возач го освои четвртото место. Првата фабрика е изградена во 1906 година, при што тие направиле 50 мотори, а пробивот на пазарот следи за време и по Првата светска војна, кога американската армија купи повеќе од 20.000 модели.

Samsung (1938)

Првичната идеја немаше никаква врска со тоа како го познаваме овој бренд денес. Започна со продажба на текстил, јуфки, друга малопродажна стока, па дури и осигурување. Влегувањето на пазарот за електроника се случи во текот на 60-тите години на минатиот век, а една деценија после тоа, Samsung исто така влезе на пазарот за градење бродови. Глобалниот успех во областа на производство на разни електронски уреди беше изграден во следните пет децении, а денес, оваа компанија и нејзините партнери произведуваат околу една петтина од вкупниот годишен извоз на Јужна Кореја.

Nintendo (1889)

Уште една компанија позната по електроника  што се занимаваше со сосема различни активности на почетокот на своето постоење. Тие започнаа да произведуваат и продаваат карти за играње, а потоа истражуваат и други области, за да ја дистрибуираат својата прва видео конзола во текот на 1960-тите.

Бум на пазарот и меѓународната слава дојде кога Nintendo Entertainment System  се појави во 1985 година, проследено со многу други популарни конзоли. Тука се SNES, познатиот Game Boy, Nintendo DS, Wii, Switch, како и познатиот лик Супер Марио.

Microsoft (1975)

Бил Гејтс и Пол Ален во гаража го основаа Microsoft во 1975 година. За разлика од другите на оваа листа, нивниот фокус е од самиот почеток светот на компјутерите и електрониката. Успехот дојде на сите полиња и скоро во сите децении беше забележано само зголемување на продажбата на производи и вредноста на компанијата.

Фото: Freepik