Какви мерки ЕУ им спрема на технолошките гиганти

27

Технолошките гиганти ризикуваат да бидат парично казнети и да го поделат работењето во Европа, доколку ги прекршат новите европски прописи.

Законот за дигитални услуги ќе ги принуди технолошките компании да објаснат како функционираат нивните алгоритми, да ги отворат своите архиви за огласување и поодлучно да се справат со говорот на омраза, штетни содржини и фалсификувани производи на своите платформи.

Ова законско решение посебно ќе се однесува на американските играчи, како што се Google, Apple, Amazon, Facebook и Microsoft.

Пред да стапи на сила, Европската комисија мора да ги усогласи планираните прописи со земјите членки и со Европскиот парламент, што би можело да потрае една до две години, пренесува Ројтерс.

Фото: Freepik