Какви навики имаат богатите луѓе

48

navika

Фото: Pexels

За да создадете богатство потребни се паметни, професионални и финансиски одлуки. Но, според финансискиот планер Том Корлеј, кој интервјуирал стотици богаташи, со стекнувањето на богатство треба да се задржат и одредени животни навики. Во неговата најдобро продавана книга Change Your Habits, Change Your Life, Корлеј објаснува дека богатите луѓе успехот го постигнуваат преку неколку специфични начини, а овие навики им се заеднички, пренесува CNBS.

Станување рано

Скоро 50% од успешните луѓе, кои ги интервјуирал Корлеј, стануваат од кревет најмалку три часа пред да им започне работниот ден. Многумина од нив го користат слободното време во тој период да го испланираат денот, да разгледаат лични проекти или да вежбаат.

Кога ќе станете рано за да се справите со првите три работи што сакате да ги постигнете претстојниот работен ден, тоа ви дава чувство на контрола на вашиот живот.

Читање

88% од испитаниците на Корлеј одговориле дека одвојуваат 30 или повеќе минути во текот на денот за едукација или самоусовршување преку читање. Читаат биографии, историски и мотивациски книги.

Ако уживате во добар роман, тоа, исто така, може да ви помогне. Истражувањата покажуваат дека читањето од задоволство може позитивно да влијае врз кариерата. Има многу животни лекции кои може да се научат од биографиите.

Вежбање

Студиите покажуваат дека вежбањето прави да се чувствувате помотивирани. Дури 76% од испитаниците одговориле дека одвојуваат по половина час за аеробик, возење велосипед, трчање…

Дружење со инспиративни луѓе

Бидете пребирливи со какви личности ќе се дружите. Бидете опкружени со мотивирани и успешни личности, а токсичните и негативните држете ги на страна.

Доволен сон

Испитаниците на Корлеј одговориле дека спијат од седум до осум часа секоја ноќ. Спиењето е од клучно значење за успехот, повикувајќи се на нејзините ефекти врз функцијата за помнење и креативно размислување.