Какво дигитално евро очекуваат Европејците?

25

Граѓаните на еврозоната очекуваат користењето на дигитално евро да биде безбедно и евтино и пред сè да гарантира приватност, покажа најновата студија на Европската централна банка (ЕЦБ).

ЕЦБ работи на креирање електронска варијанта на заедничката европска валута којшто би требало да биде дополна на хартиените и кованите евра и успешно да им парира на приватни криптовалути како што е биткоинот и други, пренесува Ројтерс.

Создавањето на дигитално евро е во почетна фаза и неговото воведување како ново средство за плаќање може да се очекува за четири до пет години.

Фото: Pexels