Каматите ќе продолжат да растат

56

Лидерите на американската централна банка, ФЕД, воопшто не се откажуваат од нивната остра реторика за ограничување на инфлацијата.

Претседателот на оваа институција, Џером Пауел, во четвртокот повтори дека ФЕД е „силно посветен“ на сузбивање на инфлацијата и дека ќе продолжи да ја заострува монетарната политика додека не се постигне таа цел.

Чарлс Ајвенс, претседател на филијалата на ФЕД во Чикаго, го поддржа Пауел велејќи дека ограничувањето на инфлацијата е приоритет.

Значи, сосема е јасно дека ФЕД ќе продолжи агресивно да ги зголемува каматните стапки за да ја ограничи инфлацијата, која се движи околу највисоките нивоа во повеќе од 40 години.

ФЕД ги зголемува каматните стапки од март, а дополнително ќе ги зголеми на дводневната седница на 20 и 21 септември, потсетува SEEbiz.

Се очекува ново, трето по ред, зголемување од 0,75 процентни поени, во опсег од 3 до 3,25 отсто.