
Во август 2025 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити на
корпоративниот сектор изнесува 4,52% и е намалена за 0,02 п.п. на месечна основа.
Месечниот пад се должи на пониските каматни стапки на денарските кредити без
валутна клаузула и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,04 и 0,03 п.п., соодветно), во услови на раст на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,23 п.п.). На годишна основа, оваа каматна стапка е намалена за 0,68 п.п.
Овој месец, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор
е зголемена за 0,11 п.п. во споредба со претходниот месец и изнесува 4,33%.
Притоа, растот е резултат на повисоките каматни стапки на денарските кредити со
и без валутна клаузула (за 0,19 п.п. и 0,14 п.п., соодветно), додека каматните стапки на кредитите во странска валута се намалени (за 0,31 п.п.). Анализирано на годишно ниво, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор бележи пад од 0,57 п.п.
Во август, просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот
сектор оствари месечен пад од 0,13 п.п. и изнесува 2,53%. Надолната промена се
должи на намалените каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула
и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,13 п.п. и 0,10 п.п.,
соодветно), во услови на непроменети каматни стапки на денарските депозити со
валутна клаузула. Во споредба со август претходната година, просечната каматна
стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор е зголемена за 0,33 п.п.
‒ Каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор, овој
месец, изнесува 1,86% и забележа месечно намалување од 0,53 п.п. Притоа, падот
произлегува од пониските каматни стапки на депозитите во странска валута и
каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 1,08 п.п. и 0,31
п.п., соодветно). Во август, банките и штедилниците не евидентирале новопримени
денарски депозити со валутна клаузула. На годишна основа, оваа каматна стапка
бележи пад за 0,13 п.п.
Во август 2025 година, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата
оствари пад од 0,01 п.п. на месечна основа и изнесува 5,27%. Промената во целост
се должи на намалените каматни стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,03 п.п.), додека каматните стапки на останатите категории кредити се непроменети. Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е пониска за 0,39 п.п. на годишна основа.
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, овој
месец, изнесува 4,68% и е зголемена за 0,01 п.п. на месечно ниво. Месечната
промена е резултат на повисоките каматни стапки на денарските кредити со валутна
клаузула (за 0,07 п.п.), во услови на пад на каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула и на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,02 п.п. и 0,01 п.п., соодветно). Оваа каматна стапка е пониска за 0,60 п.п. на годишно ниво.
Во август, кај каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата е забележан
месечен пад од 0,01 п.п. и изнесува 2,14%. Притоа, падот произлегува од
намалените каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,02
п.п.), во услови на раст на каматните стапки на денарските депозити со валутна
клаузула (за 0,01 п.п.) и непроменети каматни стапки на депозитите во странска
валута. Споредено со август претходната година, каматната стапка на вкупните
депозити на домаќинствата е зголемена за 0,21 п.п.
– Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата, во август, изнесува 2,18% и бележи пад од 0,15 п.п. на месечна основа. Надолната промена се должи на падот на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула и на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,14 п.п. и 0,06 п.п., соодветно). Овој месец, кај банките и штедилниците не се евидентирани новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Годишниот пад на оваа каматна стапка изнесува 0,58 п.п.