Камерите за брзина носат вистинско богатство на германските градови

102

Пребрзото возење може да биде многу опасно, а за да се потисне нагонот на многумина за забрзување, поставени се камери.

Но, сите овие казни на крајот се уплаќаат на сметката на градовите во кои се наоѓаат. Колку точно заработиле германските градови на надзорните камери во 2020 година, одговорија на барање на Германската адвокатска комора (ДАВ), пренесува „ХАКРевија“.
На самиот врв е Хамбург каде камерите за брзина и следењето на поминувањето на црвено светло на семафорите му носи 17,1 милиони евра годишно. Според добиените податоци, дури десет германски градови „заработиле“ повеќе од милион евра.

Некои градови не одговорија на барањето на ДАВ, но ребалансот на нивните буџети покажа податоци.

Во 2019 година Келн заработил 17,6 милиони евра од сообраќајните камери, а Лајпциг 11,6 милиони.