Камион за мешање цемент претворен во огромна диско топка

38

disko-topka

Францускиот уметник Бенедето Буфалино успеа од камион за мешање цемент да создаде огромна диско топка, пишува Inhabitat.

disko-topka-pravenje

На камионот за мешање цемент се поставени стотина огледала, коишто рефлектираат светлина додека се врти миксерот. Во исто време, додека се врти огромната диско топка, од камионот се слуша и музика за целосно уживање.

disko-topka-2

Бенедето Буфалино е познат по неговата необична уметност – телефонска говорница ја претвори во аквариум, превртен автомобил како маса за пинг понг…