Германската влада повика да се продолжи иницијативата Храна за пчели, чија цел е да се овозможи доволно здрава храна за пчелите и да се заштитат од штетни материи, пишува ХРТ.
Владата во Берлин порача дека секој може да даде свој придонес со тоа што ќе засади растенија кои обилуваат со полен или сокови во градините или на балконите.
Целта на кампањата е да се подигне свеста кај луѓето за тоа колку се важни пчелите, не само поради медот, туку и дека без нив ќе има помалку овошје и зеленчук. Пчелите придонесуваат за биолошката разновидност. Втората цел на кампањата е да се отстрани стравот што луѓето го имаат од пчелите. Тие се природно безопасни, не ги напаѓаат луѓето ни во близина на кошниците.